Активности

Беровско езеро

Почнуваме преку Брегалница и се качуваме нагоре низ убава мешана букова и борова шума. На крајот на патеката се отвора прекрасен поглед кон Беровското езеро, каде што ќе направиме краток одмор. По одморот, се враќаме по истата патека до ранчот. Времетраење: околу 3 часа (10 км).

Спиково

Оваа тура нуди најубав панорамски поглед кон Абланица и Малешевијата. Најголемиот дел од патеката минува низ дабова шума, па затоа ја препорачуваме особено во есен, кога боите на шумата создаваат магична атмосфера. Вклучени се паузи по договор со групата. Времетраење: околу 5 часа (13 км).

Црвен брег

Идеална за почетници, оваа кратка тура води низ борова шума со панорамски поглед кон Абланица. Патеката поминува покрај манастирот Св. Гаврил, а потоа се враќаме до ранчот. Времетраење: околу 30 минути (1,4 км).

Абланица

На оваа тура јававме низ прекрасниот Абланички крај и викендички, поминувајќи преку Брегалница. Препорачуваме пикник на идеална локација со бунар и летниковец, каде што се можни активности по договор со групата. Оваа тура е погодна за сите типови на јавачи кои сакаат да поминат еден-два часа на седло во Малешевската природа. Времетраење: 1,5–2 часа.

Контактирајте нe

Телефон: +389 75 392 325
Е-Маил: berovohorseriding@gmail.com